Охридските Египѓани го токмат нивниот политички лидер, Демир Далип за градоначалник. Според нив, со кандидатурата на Демир Далип ќе се случат позитивни промени во политички-правен,економски, социален и културен аспект,

И додека поединци и помалите политички партии не ги кријат своите амбиции, во редовите на големите политички играчи молк. Ниту власта ниту опозцијата не се изјаснале околу имињата на кандидатите за градоначалник. Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески израи уверување дека ќе атакува на втор мандат со поддршка неговата матична партија СДСМ, која пак најави дека имињата на кандидатите за градоначалници ќе ги официјализира до 23 декември. Молк и во ВМРО ДПМНЕ каде покрај за кандидат за градоначалник треба да одлучат и за нов претседател на општинската организација. Партијата соопшти дека процедурата за избор на кандидат за градоначалник, како и за избор на претстдател на општинскиот комитет е во тек и дека наскоро ќе бидат објавени нивните имиња.

Ohridnews