Ѕвездата на серијата “Homeland” Дениел Луис би можел да стане новиот таен агент 007. Имено, Даниел Крег најави дека „Спектре“, најновиот филм за Џејмс Бодн кој наското ќе пристигне во кината е негов последен во улогата на најславниот филмски шпиун. Моментално најголеми шанси се даваат токму на Луис кој во прогнозите стои многу подобро од останатите потенцијални кандидати, меѓу кои се Идрис Елба, Том Харди, Хенри Кавил и Мајкл Фасбендер.
Претставник на онлајн обложувалницата Вилијам Хил објаснил дека никој не го ни спомнувал Демиен Луис се до овој викенд кога станал прв фаворит. Навел дека за кратко време неговиот коефициент во британските обложувалници експлодирал. Самиот актер ги дематирал гласините дека преговата со продуцентите на франшизата.