Холивудската актерка Деми Мур пред неколку дена била префрлена во болница, откако и се слошило во нејзината куќа во Лос Анџелес. Нејзиниот портпарол соопштил дека актерката побарала медицинска помош поради исцрпеноста и големите стресови кои ги имала во последно време.
Портпаролот демантирал дека актерката била префрлена во болница поради конзумирање голема доза лекови, како што претходно пренеле некои медиуми. Популарната актерка во последно време била многу ослабена и пропадната, пред се поради проблемите кои ги имала во бракот со Ештон Качер, од кој моментално се разведува.