Бидејќи и било тешко да го преболи разводот од Ештон Качер, Деми Мур одлучила да флертува со уште еден млад човек. Во прашање е Вито Шнебел, а разликата во години овој пат изнесувала 24 години.
Деми Мур која има 50 години новата шанса за среќа ја пронашла во младиот трговец со уметнички дела, Вито Шнебел. Негов татко бил славниот сликар Џилиен Шнебел. Иако новиот пар сеуште официјално не ја потврдил врската, се почесто се појавувале заедно во јавност.