Љубовната приказна меѓу Деми Мур и Ештон Качер е се поблизу до крајот, бидејќи Деми одлучила да поднесе барање за развод. По шест години наизглед идиличен брак, актерката решила да стави точка на приказната со својот 13 години помлад колега, бидејќи се чувствувала понижено после уште едно негово неверство.


Таа консултирала адвокати за што побрзо да ги поднесе документите за развод. Иако повеќе пати се шпекулирало дека Ештон ја изневерил во повеќе наврати, тоа досега не било докажано. На средината на септември, кога парот требало да ја прослави шестата годишнина од бракот, како бомба одекнала веста дека Ештон ноќта ја минал со 23-годишна старлета. Извор близок на Деми рекол дека таа очајнички се обидувала да го сочува бракот, но тоа не било можно откако се појавила фотографија на која се види како Ештон се забавува во прегратките на Сара Леал.