На никој од пријателите не им јасно зошто сеуште се заедно. Нивниот брак не е здрав и било само прашање на време кој кого ќе повреди. Се караат како куче и мачка, изјавил извор близок на парот. Деми Мур и Ештон Качер наводно одбиле да одат на советување за да го спасат бракот.
Намерно во јавноста се појавуваат заедно и глумат дека се среќни за да ги залажат медиумите. Неодамна на Твитер објавиле заедничка фотографија од креветот, но Деми на пријателите им рекла дека нема повеќе да го толерира неверството на Ештон. Изворот додал дека во случај на развод, Деми на помладиот сопруг ќе му го загорчи животот и ќе му ги наплати сите грешки.