Актерката Деми Мур која има полни 52 години не престанува да не изненадува со својот изглед. Згодната мајка го покажа своето тело во бикини и докажа дека дури и во шестата деценија од животот изгледа подобро, според некои, дури и од своите ќерки.
Бракоразводната драма, помладите мажи во нејзиниот живот и депресијата конечно се зад познатата актерка која по се изгледа потполно закрепна. Деми изгледа и повеќе од одлично. Овој пат позирала во бикини со своите ќерки, а фотографијата ја поделиле на Инстаграм со што ги воодушевија своите фанови.