Деми Мур по раскинувањето со трговецот со уметнички дела Вито Шнабел, продолжила понатаму. Како што пренеле медиумите, сопственикот на ресторани Хери Мортон ја извел холивудската актерка на неколку состаноци во последниве неколку седмици. Сведок кој ги видел на романтична вечера во ресторан на Беверли Хилс рекол дека Деми била многу среќна додека се дружела со него.
Хери Мортон бил во врска со Линдзи Лохан во 2006 година, а во 2010 бил поврзуван и со Џенифер Анистон. Деми тагува откако пред една и пол година се разделила од Ештон Качер, кој дури минатиот месец ги поднел документите за развод. Ештон моментално е во врска со Мила Кунис.