Актерката Деми Мур од почетокот на февруари се наоѓа на клиниката “Cirque Lodge” во Санденс каде е на одвикнување од алкохол и таблети. Како што тврдат нејзините пријатели, актерката била посветена на закрепнувањето и од ден на ден се чувствувала се подобро и подобро. Таа имала проблеми со пореметување во исхраната, како и со зависноста од алкохол и таблети по разделувањето со Ештон Качер, со кој шест години била во брак.

На наговарање од пријателите и семејството, на почетокот од месецов таа се пријавила на клиника за одвикнување. Пред неколку дена нејзината ќерка Румор, која ја има од бракот со Брус Вилис, изјавила дека нејзината мајка е на добар пат да закрепне.