Холивудската актерка Деми Мур минала три седмици на клиниката “Cirque Lodge” во Санденс, во која се лекувала поради зависност од алкохол и таблети. По пуштањето од клиниката лекарите ја советувале да биде далеку од Лос Анџелес, па актерката отишла на Карибите. Таа била сместена во близина на вилата на својот поранешен сопруг Брус Вилис.
Актерката била видена на плажа, а изворот рекол дека таа одмарала додека нејзиното обезбедување се обидувало да и пружи што поголема приватност. Брус Вилис има куќа на Карибите и таму се венчал со Ема Хеминг во 2009 година. На венчавката присуствувале и Деми Мур и нејзиниот тогашен сопруг Ештон Качер, кого сите го обвинуваат за лошата состојба во која Деми се нашла по нивното разделување.