Во исто време кога кон крајот на февруари протече веста дека Мила Кунис и Ештон Качер се вериле, јавноста почна да зборува и дека младата актерка е бремена. Холивудските таблоиди објавуваат фотографии на кои се гледа заобленото стомаче на Мила, а наводно парот почнал да оди и на часови по пренатална јога. Оваа вест, судејќи според насловите, ја довела Деми Мур до очај.

Актерката е многу тажна, бидејќи додека била во брак со Ештон сакала да имаат дете, но тој никогаш не покажувал интерес. Извор близок до Деми рекол дека додека биле заедно никако не можеле да се договорат околу тоа. Деми многу сакала да имаат заедничко дете, но Ештон воопшто не бил заинтересиран. Оваа вест многу ја погодила, посебно што веста на дознала од медиумите, наместо да и јави самиот Ештон.