Американските медиуми на големо известуваат дека Деми Мур не сака да ги потпише документите за развод со Ештон Качер. Иако се зборувало дека нивниот брак не постои, сега документите за разводот останале непотпишани.
Медиумите пишуваат дека Деми намерно не сакала да даде развод како би го казнила Ештон што е во врска со Мила Кунис. Нејзин пријател рекол дека му дала инструкции на адвокатот да одолговлекува со разводот. Освен неговата нова врска главна причина поради која не се согласувале е поделбата на имотот. Ештон дури и сакал да го подели своето богатство со Деми само таа да ги потпише документите.