Поранешната сопруга на Брус Вилис и Ештон Качер. Деми Мур, е прогласенза за ѕвезда кога најубаво старее во истражување на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“. Анкетирани биле 1300 жени како би се дознало кои ѕвезди најубаво стреат. Деми Мур се нашла на првото место со 55 проценти од гласовите. Актерката која неодамна се развела од Ештон Качер сеуште изгледа сјајно, иако се наоѓа во шестата деценија. Иако негира дека имала естетски зафати, тешко е да се поверува во тоа.

На второто место се нашла пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, ѕвездата на легендарниот мјузикл „Брилијантин“, а на третото оскаровката Хелен Мирен. Четвртото место го зазела првата дама на САД Мишел Обама, а петтото актерката Мишел Фајфер. Меѓу првите десет уште се нашле и Опра Винфри и Шерон Стоун, како и манекенката Твиги.