Славната актерка се пријавила во центар за одвикнување од алкохол и дрога во Сандес. Во овој центар за рехабилитација досега се лекувале и Линдзи Лохан и Ева Мендез. После бурниот период во кој и се случило разделувањето со долгогодишниот партнер Ештон Качер, Деми Мур се пријавила во центарот за одвикнување.
Актерката веќе подлго време имала проблеми со анорексија, а според американските медиуми била зависна од лекови. На рехабилитација отишла откако била наговорена од семејството, а таму би требало да мине најмалку 30 дена.