Актерката Деми Мур се обидува да го преболи Ештон Качер, па повторно почнала да излегува. Овие денови била на одмор на Карибите со својата ќерка Рубер која ја има од бракот со Брус Вилис.
Деми се забавувала на приватна забава на Карибите. Застанала на подиумот за танцување кога нејзината ќерка влегла во ди џеј кабината. Присутните се согласиле дека Деми повторно изгледала заводливо. Нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер моментално се наоѓал во Италија.