Откако се вратила од лекувањето и одвикнувањето од лекови и алкохол, актерката Деми Мур упорно се обидувала повторно да го освои срцето на својот поранешен сопруг Ештон Качер.

Таа не верувала во неговите нови краткотрајни врски и сметала дека неверниот Ештон ќе се врати дома. Извори блиски на актерката тврдат дека таа била потполно луда по Ештон Качер и дека полудувала доколку тој не и одговорел на порака.