Холивудската актерка Деми Мур, која минатата година се развела од сопругот Ештон Качер, наводно пронашла ново момче, актерот Џо Манганиело. Мур и Џо заедно се забавувале на журка по повод премиерата на новиот филм на актерот „That’s My Boy“ во Лос Анџелес.
Неименуван извор изјавил дека заедно изгледале сјајно. Додал дека цела вечер се забавувале заедно. Се запознале кога заедно се приклучиле на екипата на филмот „Магичниот Мајк“ во кој Џо го играл стриптизерот Биг Дик Ричи. Деми Мур по разводот имала здравствени проблеми поради пореметување во исхраната и исцрпеност.