Славната актерка Деми Мур по успешното лекување од анорексија и зависност, се враќа на работата. Та е уверена дека работата ќе и помогне да се чувствува подобро. Неименуван извор близок дна актерката изјавил дека минатиот месец се фокусирала на своето здравје и дека сега од ден на ден се чувствувала се подобро. Сакала повторно да работи и знаела дека е во состојба да се носи со новите проекти.
Деми, инаку, пред еден месец, на инсистирање на своето семејство, се пријавила во центар за одвикнување од алкохол и дрога во Санденс, поради проблеми со алкохолот и таблети. Не е официјално потврдено од што точно се лекувала, бидејќи медиумите пишувале и дека боледува од анорексија.