Парот кој е шест години во брак, холивудските актери Деми Мур и Ештон Качер се нашле на мета на американските таблоиди, кои поради честите кавги на парот, тврдат дека се разведуваат. Разликата во годините помеѓу нив, односно фактот што Деми е постара 16 години од Ештон, ги навела актерите да сфатат дека сакаат различни работи. Имено, Деми повеќе сакала да останува дома, додека Ештон повеќе сакал да излегува.
На крајот на минатата година медиумите пишувале за нивен развод, откако списанието „Стар“ објавило интервју со Бритни Џонс, која тврдела дека Ештон го запознала во куглана и дека му го дала својот број. Ја повикал кога Деми била отсутна и воделе љубов на каучот. На крајот на интервјуто рекла дека се чувствувала преубаво во неговите раце и дека бил многу нежен. Според неа, тоа не бил само секс. Ештон не се огласил по повод тоа интервју.