Откако одлучиле да се разведат, Деми Мур и Ештон Качер конечно се договориле околу деталите за договорен развод на бракот и конечно ги потпишале документите за развод. Поранешните сопружници, кои не се заедно уште од ноември 2011 година, по речиси двегодишна борба на суд успеале да пронајдат решение. Парот сето ова време бил во кавга околу распределба на финасиите. Актерката барала „поддршка“ од својот поранешен сопруг, кој откако се придружил на екипата на серијата „Два и пол мажи“ станал еден од најплатените телевизиски актери во историјата.

Деми исто така сметала дека има право на дел од профитот на фирмата на Качер, Грејд, кој изнесува околу 100 милиони долари. Во почетокот барала дури половина од заработката, но Ештон инсистирал на тоа дека богатството го стекнал по разводот. На крајот двете страни се договориле околу израмнувањето. Извор близок на парот рекол дека доста се преговарало од обете страни, посебно за тоа колку Ештон и должи на Деми за нивниот брак, но на крајот нашле договор прифатлив за сите. Започнале да се забавуваат во 2003 година, а се венчале две години подоцна.