Откако минатата година се објави веста дека Деми Мур и Ештон Качер после пет години брак се разведуваат, и тоа поради негово неверство, медиумите непрестајно пишуваат за лошата психичка и физичка состојба на актерката. Но, се чини дека таа е сега подготвена за нова љубов.
“Не сака очајнички да се гледа со некого, но отворена е за нови опции. Сака да искуси многу нови нешта и нова љубов“, вели извор близок на актерката.
Наводно, нејзината желба за ново момче ја поттикнало и тоа што Ештон ја сака својата колешка Мила Кунис.
“Деми мораше да ја сфати реалноста. Колку и да ја боли тоа што Ештон е заљубен во Мила, толку тоа и помогна да сфати дека меѓу нив е навистина готово“, вели изворот.