Откако била во еден козметички салон, Деми Мур трчала бегајќи од бројните папараци кои се обидувале да ја фотографираат. Актерката толку многу брзала, што во еден момент и испаднале очилата за сонце, но дури и тоа не и засметало.

Таа најверојатно не сака повеќе да зборува за разводот од Ештон Качер. Неодамна морала да се оправда зошто на својот твитер налог и понатаму го имала името ‘Mrs Kutcher’. И понатаму била многу слаба, а се зборува дека разводот целосно ја скршил.