Пред венчавката, Деми Мур била таа која заработувала милиони, но сега Ештон е тој кој заработува половина милион по епизода во серијата „Два и пол мажи“, па затоа не чуди информацијата што славната актерка бара половина од имотот по разводот од својот долгогодишен партнер. Откако со своите неверства ја довел до работ на нервен слом, повредената Деми Мур им наредила на адвокатите од нејзиниот поранешен сопруг да земат половина од имотот.
Пред Деми дефинитивно да одлучи дека нема спас за нивниот брак, 16 години помладиот актер се обидел нејзината љубов да ја купи со скап автомобил. За роденденот, кој го славела пред десетина дена, и подарил „Lexus LS 600h L“, за кој издвоил 70 илјади евра. На тој гест Деми очигледно не паднала, бидејќи само неколку дена подоцна соопштила во јавноста дека нејзиниот шестгодишен брак со Ештон е готов.