Од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра се пресели во Барселона, но во дресот на актуелниот шампион во Ла лига со ништо не ги оправда вложените средства. Осман Дембеле падна во формата до непропознатливост, а каталонците го изгубија трпението и ќе му дадат уште една и последна шанса.
Дембеле, довербата од тренерот Валверде и соиграчите ја изгубил, откако пропуштил тренинг поради играње на видео игри, а не поради повреда како што кажал младиот фудбалер. Барселона отворила дисциплинска постапка против Дембеле, кој не е ниту бледа сенка од настапите во дресот на „милионерите“.
Ситуацијата на Ноу Камп будно ја следата англиските премиерлигаш Ливерпул и Арсенал. „Црвените“ и „топчиите“ во името на Дембеле гледаат уште една алтернатива во нападот. Цената на трансферот на Дембеле моментално изнесува 50 милиони евра.
OhridNews