Новиот деловно информативен центар на НП Галичица кој се наоѓа над бензинската пумпа “Билјанини извори“, ќе биде ставен во употреба во среда најавуваат од јавната установа. Објектот кој започна да се гради во март годинава е завршен, а во моментов интензивно се работи на уредување на комплексот.


Првичните најави беа дека  освен информации за природните и културните вредности на паркот, деловно – информативниот центар на НП Галичица ќе нуди  можност на жителите кои живеат во границите на паркот да ги продаваат сопствените производи, а ќе има и национален ресторан.

Изградба на  деловно-информативниот центар чини 300 илјади евра, а средствата беа обезбедени од италијанското министерство за надворешни работи.

Ohridnews