Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вчера ги стави двете точки на дневен ред на денешната пленарна седница по постигнатиот консензус меѓу власта и опозицијата.
Хајрула Мисини од ДУИ, познат како командант Шпати, координаторите на пратеничките групи го избраа да раководи со комисијата која ќе го расчистува собранискиот инцидент од 1 јули.
Со измените на Деловникот што беа договорени на координациските средби, се предвидува опозицијата да предлага точка на дневен ред на секоја втора пленарна седница.
Власта и опозицијата повеќе од дваесетина дена се среќаваа на координациски средби кај собранискиот спикер Вељаноски, на кој ги усогласија измените на Деловникот за работата на Собранието и предлог одлуката за основање на Анкетна комисија.
извор: Makfaks