Делови од Охрид повторно без струја
Дефектите како такви не можат да се предвидат, но впечаток е дека кај нас за разлика од развиените земји тие многу почесто се случуваат. А, особено во овој летен период на високи температури тие би можеле да предизвикаат големи штети. Најпогодени се секако сите кои се занимаваат со произвотство и продажба на храна, но и граѓаните кои постојано се жалат на откажување на апаратите за домаќинство.