Поради дефект на електро мрежата, попладневно делови од Охрид неколку часа останаа без електрична енергија. Како што не информираат наши читатели без струја биле дел од станбените згради на булевар „Туристичка“, дел од населбите Воска и Далјан, објекти на потегот кон манастирот „Свети Еразмо“, како и дел од населени места на општина Дебрца.
Од Центарот за грижа на корисници на ЕВН Македонија информираат дека попладнево без струја останале и струшките населени места Селци, Горно и Долно Татешти, Локов, Топовјани, Враниште, Индустриска зона, Чифлик, Франгово, Калишта, Ќафасан и уште неколку други населени места.
OhridNews