Поради дефект на водоводната мрежа, од утрово, без вода останаа жителите на улиците: „Гоце Делчев“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „Стив Наумов“, „Јабланица“ и делови од булеварот „Туристичка“.
Иако беше најавено дека прекинот ќе трае до 17 часот, делови од Охрид без вода за пиење останаа и во тек на вечерта.
Екипи на Водовод се уште се на терен и работат на отстранување на дефектот, а нешто пред полноќ водоснабдувањето во споменатите делови од градот почна да се стабилизира.
OhridNews