Во подоцнежната фаза во вештачењето ќе се вклучат и експерти од Хрватска и Словенија, кои на истрагата треба да и помогнат да се откријат причините за катастрофалната несреќа во која животот го загубија петнаесет бугарски туристи.
Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември во водите на Охридското Езеро во близина на авто-кампот „Елешец“. Неговиот капетан, дваесет и три годишниот охриѓанец, Сотир Филески, оттогаш се наоѓа во притвор, а од истрагата зависи дали обвинението за несреќата ќе биде проширено и на дрдуги лица.