Делови од нападнато момче биле пронајдени во утробата на 4 метри долг крокодил. Минатиот четврток голем крокодил нападнал и усмртил 11-годишно момче во Папуа Нова Гвинеја, додека со родителите ловела риба на реката.
По нападот, овластените служби го лоцирале 4 метри долгиот крокодил и го убиле. Откако го распарале во него пронашле раце, нозе и еден колк од несреќното дете. Главата му ја пронашле подоцна недалеку од местото на кое било пронајдено животното.