Предвидено е по реконструкцијата на овие патни правци да се наплаќа патарина. Крајниот рок за изградба на делниците е три години информираше Министерството за транспорт и врски. Оттаму сметаат дека со реконструкцијата, патиштата во Македонија ќе ги исполнат меѓународните стандарди со што ќе се овозможи побрз и побезбеден транспорт.
Покрај делниците Требеништа – Гостивар и Охрид – Ресен – Битола, под концесија ќе се даваат и делниците Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија, Деве Баир – Куманово, граница со Република Албанија, Стенковец – Блаце, Велес – Штип – Делчево и делницата Миладиновци – Штип.