Kомпанијата Dell објави дека напредните Dell EqualLogic PS-M4110 Blade Array системи се достапни и за корисниците на македонскиот пазар. Новите EqualLogic PS-M4110 Blade Array системи се дел од семејството производи на Dell и дел од решенијата на конвергентна инфраструктура, која го спојува интуитивното управување, отворената архитектура, флексибилните модели на достава и квалитетна поддршка, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на ICT услугите во организациите и компаниите.
EqualLogic PS-M4110 Blade Array ја спојува функционалноста на деловните обележја на EqualLogics Arrays системите во Dell Power Edge M1000e куќиштата и на тој начин на корисниците им овозможува целокупниот data центар да го имаат во еден компактен уред кој гоолеснува управувањето со целокупната IT инфраструктура и операциите. Новиот EqualLogic Blade Array систем може да биде инсталиран и конфигуриран за помалку од еден час и тоа со дури половина чекори помалку во однос на конвенционалните модели.
Dell Blade Arrays овозможуваат автоматско урамнотежување на оптоварувањето овозможувајќи оптимални перформанси со намалување на трошоците. Дизајнирани се за поддршка на виртуелизираните и конвергентни опкружувања за мали и средни претпријатија . Со користење на Dell Force 10 технологијата, корисниците добиваат компактен повеќенаменски уред кој ја намалува потребата од дополнителни лиценци, простор и кабелска конфигурација, со значителни заштеди а електричната енергија.
„Клучната предност на Blade Arraya системот е комбинацијата на едноставно користење на виртуелизираните и подсувачки скалабилни карактеристики со сеопфатен софтверски модел кој го вклучува и array softver-от и host softver-от за виртуелизација, заштита на податоците, како и управување со перформансите без дополнителни трошоци“, истакна Robin Kuepers, раководител на маркетинг одделението на компанијата Dell за Западна Европа.
Blade Arrays системите се дизајнирани така што ја поддржуваат виртуелизираната околина, конвергенцијата на инфрсатруктурата на data центарот, како и потребите за чување на мали и средни инсталации. Blade конвергенцијата воедно бара и помалку простор, едноставна кабелска конфигурација и на тој начин намалување на потрошувачката на енергијата.