Поранешниот тренер на Лацио, Делио Роси, е наименуван за нов тренер на
Палермо. Роси доаѓа на местото на Валтер Ѕенга, кој по 13 кола го
остави клубот на 12 место со 17 бодови.


Италијанските медиуми шпекулираат дека Роси ќе побара клубот да ги осигура услугите на десидентите во Лацио, Горан Пандев и Кристијан Ледезма.

М.П.