Револтот навивачката група „Делии“ после поразот на Црвена Звезда од Вождавац 1-0 го истурија врз фудбалерите кои беа плукани и соблечени голи.
Вакви сцени не доликуваат на екипа која го носи епитот Европски шампион било какви да се резултатите. Навивачите во текот на целиот меч ги навредувале фудбалерите, а револтот кулминирал по немоќнаста на теренот да се избегне поразот.
Поштедени од навивачка „тортура“ биле голманот Бобан Бајковиќ и Милош Нинковиќ кои според „делиите“ биле на висина на својата задача во секој натпревар.
По шест одиграни натпревари во Супер лигата Црвена Звезда има десет бодови и уште од сега заостанува шест зад лутиот градски ривал Партизан.
Мх.П.