Македонските ватерполисти претрпеа очекуван пораз од Црна Гора, 6:14, на предолимпискиот турнир во Едмонтон, со што ги загубија сите шанси за пласман во четвртфиналето. По третиот пораз, во четвртиот натпревар на турнирот, Македонија се наоѓа на претпоследното место на табелата во А групата, па натпреварот од последното коло со Германија ќе биде само формалност.
Лидер во нашата група е Црна Гора, репрезентација која го освои второто место на последното Европско првенство. Во дуелот со црногорците најпрецизен во македонскиот тим со два гола бил Димитровски со два гола, а по еден гол постигнале Чупиќ, Мартиниќ, Ранѓиќ и Ивошевиќ.
извор “Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com