Една меѓународна група научници, кои пет години го проучувале однесувањето на делфините на западниот брег на Австралија, дошла до сознанија дека машките делфини склопуваат сојузи кои наликуваат на човечките банди, и тоа во три различни хиерархии.

Првиот сојуз го прават два до три мажјаци, кои заедно се обидуваат да ги заробат и да ги задржат за себе плодните женки. Во вториот, делфините влегуваат во „тимови“ од 4 до 14 мажјаци, кои заедно напаѓаат други групи или ги бранат своите женки. Третите тимови склопуваат „дипломатски односи“ сп вторите тимови, по потреба здружувајќи се како би формирале „војска“ од делфини.