Делфинот Моко станал славен жител на Нов Зеланд кога пред неколку години допливал во пристаништето Гисборн и во истото постојано се населил. Меѓутоа во последните неколку месеци започнал да го менува карактерот и од симпатично животно станал опасен делфин. Неодамна една жена не ја пуштал да отплива на брегот, бидејќи сакал и понатаму да си игра со неа. Толку ја измачил што жената помислила дека ќе се удави.
Преку викендот тероризирал неколку млади спасувачи. Сите припадници на посилниот пол, делфинот тежок 200 килограми, едноставно не може да ги поднесе и им прави најразлични проблеми,а најчесто ги турка од даските за сурфање. Властите велат дека иако тој мисли дека само си игра, сепак станал груб и напорен.