Непознат човек израдувал многу купувачи во еден мега маркет во англискиот град Девон, бидејќи им давал запечатени коверти во кои се наоѓала честитка и банкнота од 50 фунти. Човекот необележаните коверти незабележително ги ставал во корпите на купувачите еден ден пред Божик.

Во секоја од ковертите имало по 50 фунти и порака во која пишувало дека неодамна бил доволно среќен да дојде до голема сума пари, која била поголема од она што било потребно за него и неговото семејство, па затоа мислел дека треба да ги подели со другите. Понатаму пишувало како се надева дека со ова дополнително ги израдувал луѓето за Божик. На крајот од пораката пишувало дека тоа е реалност, не е трик, скриена камера или некој штос, и само нека Ви е среќен Божик.