Во Франција еден човек е уапсен бидејќи дошол пијан во полициска станица да дели летоци против алкохолизам. Полицајците започнале да се сомневаат кога го почувствувале здивот на човекот. Тој дошол со автомобил до станицата во градот Неф Бресас во Источна Франција.
Анализата на крвта открила дека човекот имал двојно поголема количина алкохол во крвта од дозволената. Полицајците му ја конфискувале возачката дозвола. Ќе се појави на суд во декември, а најголемата казна која може да ја добие изнесува четири години затвор.