Делегација од општина Охрид, предводена од Градоначалникот Александар Петрески, од денес учествува на Форумот за соработка и солидарност на балканските општини во Р. Турција.
На форумот кој се одржува во Конгресниот центар Бајрампаша, Општина Охрид ќе учествува со свој штанд на кој ќе бидат презентирани културните, историските и природните убавини на градов. Во рамки на претставувањето на Охрид, планирана е презентација на тема “ Културен туризам” .
На форумот, освен од Македонија учествуваат претставници од 12 земји, меѓу кои и Словенија, Албанија, Грција, Бугарија, Романија, Србија и од над 50 општини од Балканот и Турција.