Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, попладнево, по повод 2 август Денот на Републиката, положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и борците во градскиот парк.
Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ одржа проф. Григор Ангеличин- Жура.
Претставници од општина Охрид денес, во село Плаќе положија цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија, а по повод празникот се одржа и историски час.
OhridNews