Делегација од канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, предводена од проектниот офицер Тихана Леко, денеска имаше средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и претставници на администрацијата на Локалната самоуправа.

На средбата, гостите се интересираа и добија одговори за функционирањето на Локалната самоуправа, финансирањето, меѓуетничките односи, особено во областа на образованието, соработката со полицијата и за други прашања од делокругот на надлежностите на општина Охрид.

OhridNews