Во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од општинското раководство на СДСМ од Охрид, предводена од претседателот и пратеник Томислав Тунтев положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери во градскиот парк.

-Во име на СДСМ, делегацијата и на овој голем празник им оддаде почит и признание на славните охридски борци за слобода од Илинденскиот период и од периодот на Народноослободителната борба, кои ги положија своите животи за слободна, независна и суверена Република Македонија, пишува во соопштението на Општинската организација на СДСМ од Охрид.

OhridNews