Делегација на Општина Охрид денеска ќе се поклони пред гробот на Тоше Проески кој е роден токму на овој ден пред 28 години.
Како што соопшти општината пред гробот на прерано починатата музичка ѕвезда ќе се поклонат и членовите на навивачката група „Рибари“,како и граѓани на Охрид.
За таа цел општината обезбеди бесплатен превоз со два автобуси.