Градоначалникот Петрески ја прифати поканата истакнувајќи дека збратимувањето на Охррид и Јалта ќе придонесе за зголемување на соработката во областа на културата, спортот, туризмот и економијата. Петресеки најави дека делегација на Охрид наскоро ќе отпатува во Јалта, и дека иницијативата за збратимување ќе биде ставена на разгледување во Советот.
Амбасадорот Москаленко кој беше придружуван од петанесетина укратински новинари, истакна дека збратимувањето на Јалта и Охрид ќе ги продлабочи ионака добрите односи помеѓу Украина и Македонија.