Од денес до 22 март делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Александар Петрески ќе престојува во Австралија.

Целта на посетата, иницирана од збратимениот град Волонгонг и Македонското друштво “Свети Наум Охридски” во Мелбурн е Охрид и Македонија да се претстават пред Австралиските граѓани, политичари, институции и бизнис заедницата, за да се привлечат инвестиции во Охрид, со посебен акцент на Македонските иселеници на Австралискиот континент.

Делегацијата ќе се сретне со Бил Саравиновски, Македонец по потекло,градоначалник на општината Рокдеил во Сиднеј, ќе има повеќе претставувања на Охрид, средби со официјални претставници на Австралија, спортски настани и дружења со многубројната Македонска заедница. Градоначалникот Петрески со претставниците на Охрид ќе ги посетат Сиднеј, Волонгонг, Камбера и Мелбурн, каде ќе учествуваат на средбата организирана од Комитетот за човекови права, на која ќе присутвуваат еминентни Македонисти и членови на Македонските здруженија во светот.

Со оваа посета, Охрид треба да ги зацврсти врските со Австралија во функција на развој на економијата и туризмот, и да ја  продлабочи соработката во културата и други области.

                                        Н.К.