Делегација на општина Охрид на покана на градоначалникот на Нови Сад, Игор Павличиќ, ќе присуствува на свеченостите по повод Денот на градот, 1. февруари.

– Соработката помеѓу Охрид и Нови Сад се продлабочува со секоја година особено на планот на афирмацијата на Охрид како културен и туристички центар за што зборува и податокот за постојаното зголумување на бројот на гостите и туристите од овој дел на Србија кои престојуваат на охридската ривиера, соопшти локалната самоуправа.

Делегацијата на Охрид која до вторник ќе престојува во Нови Сад ја предводи претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески а во нејзин состав се советниците Верица Хајба, Љупчо Настоски и Драган Пандески.

Ohridnews