Средбата ќе се одржи во просториите на Младински Совет Охрид и на неа се очекува да се дефинира понатамошната соработка на ниво на долгорочни партнерства. После работната средба ќе се одржи панел дискусија за минатото и иднината на трансатланската релација. Оваа панел дискусија ќе се организира во соработка со Советот на Европа.
,,Marshal Memorial Fellowship,, програмата се реализира од 1982 година со цел новите генерации на Европските лидери да се запознаат со Американските институции и политики кои се креирани за претставници од бизнис секторот, медиумите и здруженијата на граѓани.
Младински Совет Охрид го реализира проектот за изработка на ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИОНИ ПЛАНОВИ за Охрид и Струга, кој е финансиски поддржаn од he Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund.