Делегацијата на градот Измир, Турција, предводена од градоначалникот Азиз Коџаоглу, која од вчера престојува во посета на Република Македонија, денеска ќе го посети Охрид.

Делегацијата ќе ги посeти културно-историските знаменитости во Охрид од турскиот период и ќе оствари средба со претставниците на турската заедница во градот.

Делегацијата во која учествуваат и турски бизнисмени,  претходно ќе има средби со министрите за земјоделство, за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, како и со претставници на агенциите за странски инвестиции и за слободни економски зони.

ohridnews